Wednesday, April 29, 2009

Сексуални ориентации кај човекот

  Иако сметам дека овој пост требаше да биде објавен малку порано (но колешките ме претркаа:)), сега само ќе се надоврзам на постот на Др. Монро за Човечката сексуалност.
Кога станува збор за сексуалноста кај човекот, важно е да се напомене дека освен хетеросексуалност постојат и други видови на сексуална ориентација, без разлика на тоа дали тој факт е или не е прифатен од страна на различни нации, религии или поединци.


Photobucket

  Кратенката ЛГБТК (LGBTQ) означува: lesbian, gay, bisexual, transgender/transsexual/two-spirited и queer/questioning луѓе, т.е. се однесува на сите оние кои што не се се сметаат себеси за хетеросексуалци . Стапува во употреба во 90-тите, заменувајќи го терминот геј комјунити(gay community), за кој што повеќето сметаа дека не ги покрива останатите сексуални ориентации.
Дали ќе ги прифатиме или пак ќе градиме игнорантен став во врска со овој проблем, зависи од нас .

   

Видови сексуални ориентации

Моносексуалност е термин кој означува сексуална привлечност кон еден и само еден пол или род. Тука, покрај хетеросексуалноста спаѓа и хомосексуалноста, која пак означува привлечност на една личност кон друга личност од истиот пол. Овде се вбројуваат лезбејките и геј мажите. Друг случај е бисексуалноста. 
• Бисексуална ориентација имаат оние луѓе кои чувствуваат привлечност кон двата пола, машки и женски. Сепак тоа не мора да значи дека една бисексуална личност треба еднакво да ја привлекуваат и двата пола. Без разлика дали се чувствува поголема наклонетост кон еден одреден пол, таа личност се уште може себеси да се нарекува бисексуалец.
• Queer (квир)/questioning значи: чудно, необично, нешто што „не е баш како што треба“. Тука спаѓаат оние луѓе кои немаат еден одреден став, луѓе кои си дозволуваат и не-хетеросексуални интеракции (социјално неприфатливо однесување), иако не се класифицираат себеси како хомосексуалци или пак бисексуалци. 
• Асексуалност е состојба кога една личност не чувствува никаква сексуална привлечност кон ниеден пол. Но постои разлика помеѓу асексуалност и целибат. 
• Целибат претставува отсуство на сексуална активност, која кај асексуалците сепак постои.
• Омнисексуалност или пансексуалност е случај каде што на една личност не и е важен полот, туку само естетската привлечност, романтична љубов или секусална страст. Овие луѓе важат за слепи за пол, не веруваат во полови и родови разлики. Терминот пансексуалност води потекло од грчкиот збор пан што значи „се’ “. Тоа значи дека пансексуалците/омнисексуалците чувствуваат сексуална привлечност кон сите полови(за кои што тие се свесни), и не е исто што и бисексуалноста која што се ограничува само на два(би). 
• Трансексуалност означува случај каде што една личност чувствува незадоволство од телото во кое е родена, односно маж, биолошки роден во машко тело кој се чувствува како жена, и обратно. Додека пак терминот Трансвестизам означува состојба кога една личност, незадоволна од својот пол, се облекува исто како да е припадник на спротивниот, затоа што чувствува дека така би требало да биде. 
• Интерсексуалност предтсавува случај каде што еден човек се раѓа со два полови органи од кои само еден функционира. Интерсексуалците се исто така познати и како хермафродити. Овие случаи се решаваат со хируршка интервенција.


Photobucket

Малку историја...

 
Свесни сме дека овој проблем се уште не е надминат и не е прифатен, а на сите оние кои не се хетеросексуалци се гледа како на луѓе од третиот пол. Без разлика на тоа дали се што не е хетеро не е или е нормално, природно или пак за сето тоа виновен е некој социјален фактор, факт е дека ова не е случај на денешницата и модерното време, туку се среќава и во минатото. Примери за тоа се Старите Грци и Старите Јапонци. На пример, случаи на сексуален однос помеѓу возрасен маж и малолетно момче во тоа време во Грција било нормално и многу често. Во Јапонија пак, позната е т.н. Самурајска Љубов која најчесто се раѓала помеѓу учителите и учениците за самураи. За тоа се пишувани и книги (пример: Love of the samurai – Nanshoku), а постојат и многу уметнички слики кои покажуваат сцени од хомосексуалниот живот на самураите. Хомосексуалноста во Јапонија била сметана за нешто нормално се до 19-тиот век кога станува нелегална.


Ми „запна“ за око


  Пред извесно време пребарував некои видеа на youtube и сосема случајно налетав на еден канал 5awesometrannys . Ме заинтересира и сакав да видам за што станува збор. Искрено, не очекував дека овие луѓе кои го креирале овој канал се толку популарни. Всушност, станува збор за еден проект на петорица травестити, на возраст од околу 20-21 година, кои што никогаш меѓусебе не се сретнале во живо. Како се запознале, не ми е познато, но знам дека сите живеат во различни земји. Меѓу себе се нарекуваат Ladies Of The Week и секој од нив посебно има задача да снима по едно видео на денот од неделата за кој тој е одговорен. Лејди Понеделник снима и објавува видео во понеделник, Лејди Вторник во вторник и така натаму. Ми се допаднаа затоа што се млади, интересни, забавни, сосема различни меѓу себе, но сепак тоа што ги поврзува, нивната сексуална ориентација, не е мала работа. Зборуваат за своите сфаќања, размислувања, гледишта, за своите животни искуства и планови, за своите проблеми, што лично сметам дека е од огромно значење и помош за други луѓе кои се наоѓаат во слична ситуација како нив. 
  Мој предлог е да се погледне барем едно видео од било кој од нив. Jас, лично, благодарение на нив научив многу повеќе за животот на младите со ваков проблем. Но...не им замерувајте на понекогаш употребуваниот „пристоен“ вокабулар :)
.


Photobucket

2 comments:

  1. Да бев малце по „настрана“ ќе си го земев Lady Wednesday за маж, или жена... Сеедно. ;]]]

    ReplyDelete
  2. Тоа мене ме прави прилично „настрана“ , з'ш реално...детето е супер kawaii :)

    ReplyDelete