Saturday, May 30, 2009

Никој не знае колку Македонки абортираат

Никој во земјава не знае колку таблети за контрацепција се користат ниту, пак, колку девојки и жени направиле абортус. Иако старосната граница кај младите што се одлучуваат на прв сексуален однос, секоја наредна година се симнува, од Министерството за здравство немаат никакви податоци за потрошувачката на антибеби пилули, а немаат ни до знаење колку абортуси се направени во последниве години. Последен податок им е дека во 1990 година 6.000 жени дошле да ја прекинат несаканата бременост на Клиниката за гинекологија.

"Речиси сите клиентки што доаѓаат за абортус кај нас, посебно помладите, не знаат дека имаат таблетарна терапија која спречува бременост. Тоа е алармантен податок, кој укажува дека мора да се поработи на информираност, оти последиците можат и сигурно ќе бидат катастрофални", истакна д-р Горан Димитров од Гинекологија.
Светските податоци покажуваат, објасни д-р Димитров, дека кај секоја петта жена во светот која забременува, кај најмалку една од нив се работи за непланирана бременост, што во најголем број од случаите завршува со абортус.
"Многу млади жени имаат незаштитен секс во текот на првиот сексуален однос. Едно од десет раѓања е кај мајки кои и самите се уште се деца", вели д-р Димитров, кој додаде дека во Македонија 80 отсто од младите не консултираат гинеколог при првиот сексуален однос.
Студиите спроведени од Министерството за здравство, како што рече претставникот д-р Едис Рамо, укажуваат оти неинформираноста за сексуалното и репродуктивното здравје е главна причина за зголемен ризик од несакана бременост и сексуално преносливи болести. И покрај ваквиот заклучок, таа немаше податоци кога е непарвен последната студија, какви мерки се преземени по училиштата, колку се користат таблетите за контрацепција ниту, пак, колку абортуси годишно се прават во земјава, со оправдување дека извештајот се уште се подготвува.
Гинеколозите предупредуваат дека бројот на абортуси се уште се доближува до бројот на раѓањата, а голем број од абортусите, според неофицијални извори, се вршат нелегално по приватни гинеколошки ординации.



извор: www.abortusNE.org.mk

(повторно текстот во постот не е мој, туку е копиран токму поради информациите и податоците во него... пријатно читање)

Абортусот V.S. Наталитетот на Македонецот ...

Абортусот ке испадне виновен за намалување на наталитетот на Македонецот ... Деновиве се излегува со податоци - дека бројот на новородени деца во Скопје и Македонија е близок до бројот на абортусите ...Во 2005 година во земјава официјално се регистрирани 6.436 абортуси, а многу поголема е бројката на дивите абортуси. Тоа значи дека на секои 100 породувања имало по 28 абортуси. Бројката на абортусите што се прават диво е многу поголема.
Поради тоа не зачудуваат ни сознанијата дека бројот на раѓањата во земјата се доближува до бројот на абортусите. Во Скопје овие два параметра -раѓањата и абортусите - се речиси изедначени, потенцира д-р Мирослав Темелковски, претседател на приватните гинеколози, кој, сепак, немаше податок колку од абортусите се прават на црно во приватните ординации.Имам само две примедби ... Сметам дека тука човекот непотребно се замешува во природните процеси ... Од друга страна незнам зошто е дозволен легален абортус без да се добие подпис од таткото на детето ... Ако стварањето на човечкиот живот е спој помеѓу маж и жена - зошто само на жените им е дадено право да одлучуваат за животот на нешто што е спој на љубовта на мажот и жената ... Интерсно би било да се дознае распоредот на националната структура на аботусите ... Се чини дека Македонките повеќе се одлучуваат за абортус ... а ова директно го загрозува наталитетот на Македонецот ...


податоците за постот се превземени од :
www.abortusNE.org.mk


(многу ми се допаднаа информациите па баш затоа го копирав текстот)

АБОРТУСОТ ДЕЛ ОД ОПШТЕСТВЕНИТЕ СЛУЧУВАЊА!


Секојдневно слушам и се вчудоноевидувам од „доблеста“ на моите врсници и размислувањата на оние постарите. Егоистични се нивните идеали за иднината. Болни се нивните размислувања и стравови за „обврските“ наречени брак и семејство. Еве гледаме до каде не донесе онаа желба и мечтаење за западниот начин на живот. Што произлезе од тие западни вредности по кои што толку многу тежнеевме последниве 20 години?

Приоритет им се дава на индивидуата како основна единка на општеството, подкревајки ги егоистичните желби на незавизен дух и задоволства. Во секоја можна форма, алчност кон материјални средства и удобности, прејадување, па и сексуалните навики се тотално променети, и сакаме се повеќе и повеќе. И кој страда? Па самата таа индивидуа што нон - стоп е во трк со парите и со самата себе си.
Статистиките говoрат за тоа, жителите на Англија и Америка се меѓу најдебелите нации во светот. За поимот Семејство да не зборувам воопшто, тоа повеќе не е ИН.

Медиумите претставуваат трговци преку кои ни се продава примамливиот сјај на западниот начин на живот, лажниот свет на совршенство. И таа бајка те тера да посегнеш по тоа, мислиш дека сè што лета се јаде. Зачини со малце порнографија и сè можеш да продадеш. Појава на Анимализам, луѓето се гледаат само како тела за задоволување на сексуалните потреби и ништо повеќе од тоа, внатрешното и духовното е сосема небитно. Младината почнува да отупавува во вистинска смисла на зборот. Битноста ја препуштаат само на физикусот, изгледот, облеката и шминката. Никако да потрошат време да прочитаа некоја книга, него нормално времето го трошат на лице-книгата светскиот познат тренд FACEBOOK. Подобро е да се преспие денот, одколку да се качиш на Водно, поршеташ во паркот и подишеш свеж воздух. Живеј ја ноќта, вдишувај го „свежиот воздух“ во дупките т.н. дискотеки и нормално ќе имаш здраво тело и здрав дух. Ова е мотото на 90% од младинита. Нели е засташувачки?! Младината е онаа во која се крситме. Векот на живеење статистиките ќе покажуваат дека последниве 20 години се намалил од 70-80 години старост на 50-60 години живот.
Ќе слушнеш како некој тинејџерка размислува дека не треба да се мачи да оди да учи школо, кога ете со силикони многу врати се отвараат.
-16 годишна ќерка и кажува на мајка и -„Мамо или вие ќе платите или ќе најдам некој друг што ќе плати за да си ги поправам градиве, ова повеќе не се трпи“.

Абортусот е секако една многу сериозна тема околу која се кршат копјата. Проблемот е далеку пред тоа, абортусот е само последицата од тој проблем. Последица што психички ќе ја скрши индивидуата соочена со тоа. Последица што ќе ја прогонува цел живот. И зошто? Заради пет минутно непромислено „задоволство“. Се организираат кампањи демек ете мораме да имаме право на избор, „Па тоа (абортусот) е сосема нешто нормално“ велат, „нема никакви медицински последици“. Се со цел за да се „олесни“ делото, и да се „испере“ совеста кај некои што или не размислиле на време, или се плашат да превземат обврска спрема тоа кутро човечко суштество.

Monday, May 18, 2009

Абортус

   Иако нашата тема гласи „Сексот и Младите“, јас како член на овој блог сакам да ве информирам за абортусот, кој се јавува како најчест проблем кај младите девојки при недоволна едуцираност за заштита при сексот.
   Во денешно време многу од девојките при самиот секс едноставно забораваат на својата заштита и се препуштаат на задоволството не размислувајќи за последиците. А последиците можат да бидат катастрофални, од најразлични полово преносливи болести до несакана бременост, поради која младите девојките или поради неподготвеност, незрелост или поради немање финансиска и морална поддршка, се решаваат да ја прекинат бременоста, односно да абортираат.
   

Photobucket

Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тек сличен на породувањето и ретко има компликации. Меѓутоа, абортусот честопати е намерен со цел да се прекине бременоста- артефициалис. Бременоста може да се прекине до третиот гестациски месец или до четвртиот лунарен месец, односно до десет навршени недели од бременоста. После овој период да се прекине бременоста е доста ризичен потег, но доколку има индикации за тоа, прекинот мора да се изврши и покрај тоа што се можни последици. Комликациите кои му следат на абортусот, можат да бидат рани и доцни. Како рани компликации се јавуваат- најразлични видови инфекции, долготрајно крварење, заостанато ткиво, постабортален синдром- крв во матката. Како најлоша последица од извршениот абортус е смртта, како и неможноста за бременост во иднина.

Photobucket

Како да се заштитиме од несакана бременост?!?

   Како што претходно споменав, причините поради кои доаѓа до несакана бременост како и заболување од полово преносливи болести, се сведуваат на ништо повеќе туку од незаштитени сексуални односи. Развојот на технологијата, денес во 21 век, е на највисоко ниво и ни дава можност постојано да се информираме за прашања поврзани со сексот и жалосно е кога слушаме со какви проблеми се соочуваат младите, бидејќи биле недоволно едуцирани за последиците што следуваат по него. За тоа, како да се заштитиме од несакана бременост, постојат многу превентивни средства, за кои можеме насекаде да се информираме и треба ги знае секој човек.

Photobucket

Како контрацепциски средства за заштита од бременост можат да се користат:
 
* Презервативи (кондоми)
* Спирали
* Таблети
*  Дијафрагма
* Хемиски средства за претпазливост итн.

Абортус- да или не?!

   Денес право на барање за прекин на бременоста има секоја бремена, полнолетна жена. Барањето се подава во гинеколошко- акушерско одделение и клиники со доказ дека бременоста нема повеќе од десет недели и прекинот на бременоста нема да го загрози здравјето на жената.
   Според Законот за прекин на бременост, абортусот го извршува лекар, специјалист, во здравствена установа која располага со соодветна медицинска опрема. Ако е почеток спонтан абортус, а е загрозен животот на плодот или на бремената жена или нејзината репродуктивна способност, прекинот на бременоста може да се изврши во здравствена установа која не ги исполнува горе споменатите услови од страна на лекарот кој не е специјалист.


Photobucket

Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себе си носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.

Tuesday, May 12, 2009

Лолита комплекс

   Постои уште нешто на кое што во Јапонија се гледа како на речиси нормална појава, а всушност станува збор за педофилија. Лолита комплексот или Лоликон представува привлечност кон малолетни девојчиња. Терминот води потекло од книгата „Лолита“ на   Владимир Небоков, каде што возрасен маж станува сексуално опседнат со 12-годишно девојче.
   Мажите во Јапонија се најчесто опседнати со девојчиња облечени во училишни униформи. Оваа појава станува толку распространета што се повеќе млади девојки се решаваат на таков чекор за пари или за скапа дизајнерска облека. Тоа секако представува проституција, но како што веќе споменав во мојот претходен пост, проституцијата во Јапонија представува речиси нормална и секојдневна појава.
   Сепак, се чини дека ова веќе ги преминува границите, причина за донесување на нови строги закони кои би го регулирале и спречиле ширењето на малолетната проституција.

Photobucket

Сексуалниот живот во Јапонија денес

Сега само ќе се надоврзам на мојот претходен пост. Додека ги разгледував видеата за модерниот сексуален живот во Јапонија наидов на две документарни видеа кои сметам дека се интересни и кажуваат многу за тамошниот и за нас „необичниот“ начин на живеење.
   Она што кај нас би се сметало за порнографија, за нив тоа претставува секојдневие. Речиси и да не постои цензура. Голото тело и сексот представуваат симбол за нешто убаво во кое треба отворено да се ужива.
   Јапонците ги гледаат сексот и љубовта како две различни и неповрзани работи, тоа е дел од нивната вековна традиција. Животот на мажите особено се разликува од животот на жените. Тие гледаат еднакво како на својата сопруга, така и на професијата. Вечерта најчесто ја поминуваат со своите машки пријатели во барови или секс клубови. Но, денес, освен за мажи, постојат секс клубови и за жени. Појавата на машка проституција е многу распространета и нормална.
   Прифатливо за нас или не, тоа е јапонската реалност. Можам само да ви предложам да ги погледнете овие две видеа.




Историја на сексот: Хомосексуалноста во Јапонија

Photobucket

   Моите колешки ми предложија да најдам нешто повеќе за хомосексуалноста во Стара Јапонија. Најдов документарно видео на youtube кое сметам дека дава доволно добро објаснување. Содржи стари оригинални цртежи и слики.
   На кратко, станува збор за хомосексуалноста која кај нив не представува проблем како кај западните држави. Филозофиите на Таоизмот и Будизмот се причина што овие луѓе имаат поинаков став и поинакви гледишта кога станува збор за здрав сексуален живот.

The History of Sex: Homosexuality in Japan