Thursday, April 23, 2009

Сексуално пренослива болест или инфекција (Sexually transmitted disease)




  • Ќе се надоврзам на еден дел од постот на колешката Др. Мартичка, каде таа вели дека една од последицците од водење љубов без користење на заштита е и СПИ - Сексуално пренослива инфекција. Па накратко би ви кажала што всушност претставува ова СПИ.
    Тоа се болести кои примарно се пренесуваат преку сексуален контакт. Сексуално преносливата болест обично го напаѓа репродуктивниот и уриналниот систем, но може да се прошири и во устата и ректумот преку орален и анален секс. Во подоцнешните фази може да бидат нападнати и други органи или системи. Сексуално преносливите болести се заразни болести кои се пренесуваат од заразена на здрава личност и тоа најчесто преку: сексуален однос (вагинален, орален или анален), заедничко користење на игли и шприцови кај лицата кои земаат дрога и од заразена трудница на детето во текот на трудноста и пораѓајот.

    Зошто младите се подложни на зарази и преноси на сексуално преносливи инфекции?

Ризикот за заболување од сексуално преносливите инфекции е најголем кај оние малди лица кои рано стапуваат во сексуални односи и кои се склони кон често менување на партнерите. Заправо таа популација не е склона на користење кондоми, кои се најсигурно заштитно средство и против сексуално преносливите инфекции и против несакана бременост. Освен тоа, препознвањето на ризикот во младата популација е изразито ниско, а верувањето “нив ништо лошо не може да им се случи” е изразито високо. Младите кои користат било какви психоактивни дроги (вклучувајки го и алкохолот) повеке се склони, под дејство на дрогата, кон непланирани сексуални односи со непознати партнери, при што воглавно не користат никаква заштита.


Знаците на сексуално преносливите инфекции (како да препознаеме некоја инфекција)?


Сите наведени сексуално преносливи болести не предизвикуваат лесно воочливи и карактеристчни потешкотии, а кај инфекцијата кламидија предзнаците може да бидат и изоставени. Симптомите се уште помалку воочливи кај машките. Така се случува да заразената личност, не знаејќи дека е заразена и не барајќи лекарска помош, ја пренесуваат инфекцијата на сите нивни сексуални партнери. Иако менувањето на сексуалните партнери е еден од најголемите ризици за сексуално преносливите инфекции, заправо “невидливата” присутност на микроорганизмите во младата популација, може да доведе до зараза и на оние девојки или момци кои не се склони кон често менување на сексуалните партнери. Веке првиот или вториот партнер може да префати и пренесе кламидија или хуман папилома вирусот, што може да доведе до долготрајни потешкотии, а и до трајни последици. Ако девојката/дечкото осеќа болка, чешање или има други промени на кожата во деловите кај гениталиите, појачан или променет секрет од вагината или пенисот, тешкотии при мокрењето, болки или крварење при сексуални односи, треба задолжително да се обрати кај лекар за побрзо откривање на заразата или инфекцијата и нејзино навремено лечење.


Најчести сексуално преносливи инфекции :


Сексуално преносливите болести во последните десетина години покажале големи промени во примероците, симптомите, тежината и прогнозата, од „класичните” сексуално преносливи болести како сифилис и гонореа кои се се помалку застапени, а се повеќе се појавуваат болести предизвикани од не толку одавна откриени примероци (кламидија, уреаплазма, хуман папилома вирусот и др.).
Денес од сексуално преносливите болести најраспространети се оние кои се во вид на вируси, и тоа: ХИВ вирусот, гениталниот херпес, хуман папилома вирусот и хепатитис Б и Ц. Најраспространета бактериска сексуално пренослива инфекција е кламидијата (Chlamydia trachomatis).
Габичните инфекции, како кандидата, создаваат дебели, бели исфрлања на вагината и иритација и чешање на гениталиите кај жените , а понекогаш и иритација на пенисот кај мажите.
Пубичните вошки (човечка вошка) , исто така, можат да се сметаат за сексуално пренослива болест.



Последици


Влијанието на сексуално преносливите болести се третира со антибиотици, методи за контола на раѓањето и промени во сексуалното однесување.Ако навремено и рано не се препознаат и не се лечат, сексуално преносливите инфекции може да доведат до стерилитет кај мажите или жените, вонматерична бременост и спонтани абортуси. Против вирусните сексуално преносливи болести нема лекови, освен за хепатитис Б.


Спречување на преносот и ширењето на сексуално преносливите инфекции




Потполна сигурност нуди единствено воздржувањето од сексуални односи со непознати личности и (или) взаемно верен однос помеќу две незаразени личности ( ако имате сексуални однсои со здрав партнер кој има сексуални односи само со вас). Ако постои сомнеж за можна зараза во претходната сексуална врска или врски, потребно е да се обратите кај лекар заради што порано откривање на заразата и нејзино лечење. Сигурна заштита против сексуално преносливи инфекции, а и против несакана бременост, нуди само редовна употреба на кондоми. Сигурноста на заштитата со кондоми зависи и од неговата правилна употреба. Најсигурна заштита нудат кондомите од латекс кои се премачкани со спермицидно контрацептивно средство.

2 comments:

  1. јас мислам дека кондомите треба да поефтинат многу ни се "скупи" ..мислам за мој прилики хахаххахахахах поздрав ...
    http://20poeni.blogspot.com/

    ReplyDelete
  2. хахаха... ме изнасмеа, ќе покренеме и акција за поефтинување на кондомите ако треба, само за да се заштитуваме ( ма да и тоа не е 100% сигурност)
    поздрав

    ReplyDelete