Saturday, May 2, 2009

Спремни ли сте за секс?


Сексот е ваша лична одлука, без разлика дали е првиот секс во врската или оној без обврски, секс за една ноќ. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да донесете исправна одлука.Како да бидете сигурни дали е време за секс и дали сте воопшто спремни за тој потег? Без разлика дали сте невини, романтичар или порноѕвезда, најважно е да сте сигурни во своите одлуки и да сте задоволни со ситуацијата во која се наоѓате. Сите знаеме дека не постои едно правило кое важи за сите, но кога се во прашање сексот и врските постојат многу начини кои можат да ви помогнат да бидете сигурни и да имате повеќе самодоверба во донесувањето на одлуките.

1. Сексот е избор, а не обврска. Со кој и да сте во врска или пак само флертувате, тоа подразбира дека до некоја мерка сте усогласени кога се во прашање сексуалните активности. Тоа би требало да биде нешто на кое двајцата сте се согласиле, а не нешто што го правите затоа што мислите дека тоа треба да го направите.

2. Морате да бидете свесни за последиците и разликите кои ги носи еден сексуален однос: бременост и полово преносливи болести. Од пресудна важност е да се погрижите за заштита од несакана бременост и полови инфекции пред да започнете со сексуалните односи. Едуцирајте се и користете некоја од разните методи за контрацепција која ќе ја спречи несаканата бременост. И имајте на ум дека презервативот е единствено средство кое може да ве заштити од несакана бременост и полово преносливи болести (никогаш 100%).

3. Да имате презерватив при рака е сосема ОК. Без разлика дали сте од оние „нема секс до брак“ или сте промискуитетна особа (особа со слободно полово размислување) или пак невини, мудро е секогаш да бидете спремни и тоа не значи дека секогаш очекувате да имате секс ако носите презерватив со себе. Да бидете спремн и на ваков начин покажува дека се почитувате себе си и дека сте одговорна личност.

4. Важно е да бидет спремни отворено да разговарате за сексот и тоа не само со своите другари и другарки, туку и со личноста со која имате во план да го направите тој чин. Поголемата блискост со партнерот носи подобра можност за отворени и искрени разговори.


5. Исто така е важно да бидете спремни да разговарате и за вашите чувства. Емоциите и довербата се важни без разлика дали сте во долга врска или не. И затоа морате да бидете на чисто со своите чувства и очекувања кога се во прашање сексуалните „преговори“. Тоа на вас не ви гарантира незаборавен секс, но барем се минимализира шансата да бидете емоционално изневерени.

6. Нема смисла да се преправате како сте упатени во сè и како сè знаете. Ако се впуштате во сексот по прв пат, сосема е природно да имате прашања. Ако е збор за прашањата на кои двајцата барате одговори, најдобро би било да го одложите чинот за некое време, т.е. додека не дојдете до одговорите и не бидете сосема спремни.



Извор:www.romanticni.com.mk

No comments:

Post a Comment