Thursday, April 23, 2009

Одлука да се почне со секс...

Кога врската ќе дојде до стадиум на секс, тоа може да биде многу посебно чувство.За многу луѓе тоа претставува нормален чекор во една сериозна врска.Некогаш се случува кога долго време сме во врска со некоја личност, луѓето да очекуваат дека имаме секс....Не постои правило кое вели дека мора да се има секс во врска и дека е тоа нормален следен чекор во сериозна врска.
За почнување со сексуалниот живот мора да се зборува отворено, затоа што тоа помага да се надминат многу предрасуди за кои некогаш не постои свесност дека ги има. Дури и оние момчиња и девојки кои многу зборуваат за секс може да се чувствуваат непријатно кога на оваа тема говорат за себеси.

Сексуалниот однос се нарекува и водење љубов.Пред да се почне со сексуален однос мора да се земат во предвид повеќе работи меѓу кои и можните последици.Последица од сексуален однос без заштита може да биде бременост или ризик од пренесување на некоја Сексуално пренослива инфекција(СПИ) од едниот на другиот партнер.
Често младите се соочуваат со голем притисок од средината кога се работи за стапување во прв сексуален однос.Многу од младите сметаат дека скоро сите околу нив веќе имаат секс, а тие се единствените кои го немаат тоа искуство.Многу често таа проценка е погрешна бидејќи многумина само велат дека имале секс, а всушност го немале никогаш.
Донесувањето одлука да се почне со секс не е лесна.Кога лицето не е подготвено да размислува за сигурен секс, контрацепција и последиците од секс без заштита, можеби треба да размислува околу одложување на сексот. Повеќето луѓе кои влегле во сексуални односи, а не биле сигурни за тоа подоцна се каеле.

No comments:

Post a Comment