Wednesday, April 29, 2009

Сексуални ориентации кај човекот

  Иако сметам дека овој пост требаше да биде објавен малку порано (но колешките ме претркаа:)), сега само ќе се надоврзам на постот на Др. Монро за Човечката сексуалност.
Кога станува збор за сексуалноста кај човекот, важно е да се напомене дека освен хетеросексуалност постојат и други видови на сексуална ориентација, без разлика на тоа дали тој факт е или не е прифатен од страна на различни нации, религии или поединци.


Photobucket

  Кратенката ЛГБТК (LGBTQ) означува: lesbian, gay, bisexual, transgender/transsexual/two-spirited и queer/questioning луѓе, т.е. се однесува на сите оние кои што не се се сметаат себеси за хетеросексуалци . Стапува во употреба во 90-тите, заменувајќи го терминот геј комјунити(gay community), за кој што повеќето сметаа дека не ги покрива останатите сексуални ориентации.
Дали ќе ги прифатиме или пак ќе градиме игнорантен став во врска со овој проблем, зависи од нас .

   

Видови сексуални ориентации

Моносексуалност е термин кој означува сексуална привлечност кон еден и само еден пол или род. Тука, покрај хетеросексуалноста спаѓа и хомосексуалноста, која пак означува привлечност на една личност кон друга личност од истиот пол. Овде се вбројуваат лезбејките и геј мажите. Друг случај е бисексуалноста. 
• Бисексуална ориентација имаат оние луѓе кои чувствуваат привлечност кон двата пола, машки и женски. Сепак тоа не мора да значи дека една бисексуална личност треба еднакво да ја привлекуваат и двата пола. Без разлика дали се чувствува поголема наклонетост кон еден одреден пол, таа личност се уште може себеси да се нарекува бисексуалец.
• Queer (квир)/questioning значи: чудно, необично, нешто што „не е баш како што треба“. Тука спаѓаат оние луѓе кои немаат еден одреден став, луѓе кои си дозволуваат и не-хетеросексуални интеракции (социјално неприфатливо однесување), иако не се класифицираат себеси како хомосексуалци или пак бисексуалци. 
• Асексуалност е состојба кога една личност не чувствува никаква сексуална привлечност кон ниеден пол. Но постои разлика помеѓу асексуалност и целибат. 
• Целибат претставува отсуство на сексуална активност, која кај асексуалците сепак постои.
• Омнисексуалност или пансексуалност е случај каде што на една личност не и е важен полот, туку само естетската привлечност, романтична љубов или секусална страст. Овие луѓе важат за слепи за пол, не веруваат во полови и родови разлики. Терминот пансексуалност води потекло од грчкиот збор пан што значи „се’ “. Тоа значи дека пансексуалците/омнисексуалците чувствуваат сексуална привлечност кон сите полови(за кои што тие се свесни), и не е исто што и бисексуалноста која што се ограничува само на два(би). 
• Трансексуалност означува случај каде што една личност чувствува незадоволство од телото во кое е родена, односно маж, биолошки роден во машко тело кој се чувствува како жена, и обратно. Додека пак терминот Трансвестизам означува состојба кога една личност, незадоволна од својот пол, се облекува исто како да е припадник на спротивниот, затоа што чувствува дека така би требало да биде. 
• Интерсексуалност предтсавува случај каде што еден човек се раѓа со два полови органи од кои само еден функционира. Интерсексуалците се исто така познати и како хермафродити. Овие случаи се решаваат со хируршка интервенција.


Photobucket

Малку историја...

 
Свесни сме дека овој проблем се уште не е надминат и не е прифатен, а на сите оние кои не се хетеросексуалци се гледа како на луѓе од третиот пол. Без разлика на тоа дали се што не е хетеро не е или е нормално, природно или пак за сето тоа виновен е некој социјален фактор, факт е дека ова не е случај на денешницата и модерното време, туку се среќава и во минатото. Примери за тоа се Старите Грци и Старите Јапонци. На пример, случаи на сексуален однос помеѓу возрасен маж и малолетно момче во тоа време во Грција било нормално и многу често. Во Јапонија пак, позната е т.н. Самурајска Љубов која најчесто се раѓала помеѓу учителите и учениците за самураи. За тоа се пишувани и книги (пример: Love of the samurai – Nanshoku), а постојат и многу уметнички слики кои покажуваат сцени од хомосексуалниот живот на самураите. Хомосексуалноста во Јапонија била сметана за нешто нормално се до 19-тиот век кога станува нелегална.


Ми „запна“ за око


  Пред извесно време пребарував некои видеа на youtube и сосема случајно налетав на еден канал 5awesometrannys . Ме заинтересира и сакав да видам за што станува збор. Искрено, не очекував дека овие луѓе кои го креирале овој канал се толку популарни. Всушност, станува збор за еден проект на петорица травестити, на возраст од околу 20-21 година, кои што никогаш меѓусебе не се сретнале во живо. Како се запознале, не ми е познато, но знам дека сите живеат во различни земји. Меѓу себе се нарекуваат Ladies Of The Week и секој од нив посебно има задача да снима по едно видео на денот од неделата за кој тој е одговорен. Лејди Понеделник снима и објавува видео во понеделник, Лејди Вторник во вторник и така натаму. Ми се допаднаа затоа што се млади, интересни, забавни, сосема различни меѓу себе, но сепак тоа што ги поврзува, нивната сексуална ориентација, не е мала работа. Зборуваат за своите сфаќања, размислувања, гледишта, за своите животни искуства и планови, за своите проблеми, што лично сметам дека е од огромно значење и помош за други луѓе кои се наоѓаат во слична ситуација како нив. 
  Мој предлог е да се погледне барем едно видео од било кој од нив. Jас, лично, благодарение на нив научив многу повеќе за животот на младите со ваков проблем. Но...не им замерувајте на понекогаш употребуваниот „пристоен“ вокабулар :)
.


Photobucket

Thursday, April 23, 2009

Сексуално пренослива болест или инфекција (Sexually transmitted disease)




  • Ќе се надоврзам на еден дел од постот на колешката Др. Мартичка, каде таа вели дека една од последицците од водење љубов без користење на заштита е и СПИ - Сексуално пренослива инфекција. Па накратко би ви кажала што всушност претставува ова СПИ.
    Тоа се болести кои примарно се пренесуваат преку сексуален контакт. Сексуално преносливата болест обично го напаѓа репродуктивниот и уриналниот систем, но може да се прошири и во устата и ректумот преку орален и анален секс. Во подоцнешните фази може да бидат нападнати и други органи или системи. Сексуално преносливите болести се заразни болести кои се пренесуваат од заразена на здрава личност и тоа најчесто преку: сексуален однос (вагинален, орален или анален), заедничко користење на игли и шприцови кај лицата кои земаат дрога и од заразена трудница на детето во текот на трудноста и пораѓајот.

    Зошто младите се подложни на зарази и преноси на сексуално преносливи инфекции?

Ризикот за заболување од сексуално преносливите инфекции е најголем кај оние малди лица кои рано стапуваат во сексуални односи и кои се склони кон често менување на партнерите. Заправо таа популација не е склона на користење кондоми, кои се најсигурно заштитно средство и против сексуално преносливите инфекции и против несакана бременост. Освен тоа, препознвањето на ризикот во младата популација е изразито ниско, а верувањето “нив ништо лошо не може да им се случи” е изразито високо. Младите кои користат било какви психоактивни дроги (вклучувајки го и алкохолот) повеке се склони, под дејство на дрогата, кон непланирани сексуални односи со непознати партнери, при што воглавно не користат никаква заштита.


Знаците на сексуално преносливите инфекции (како да препознаеме некоја инфекција)?


Сите наведени сексуално преносливи болести не предизвикуваат лесно воочливи и карактеристчни потешкотии, а кај инфекцијата кламидија предзнаците може да бидат и изоставени. Симптомите се уште помалку воочливи кај машките. Така се случува да заразената личност, не знаејќи дека е заразена и не барајќи лекарска помош, ја пренесуваат инфекцијата на сите нивни сексуални партнери. Иако менувањето на сексуалните партнери е еден од најголемите ризици за сексуално преносливите инфекции, заправо “невидливата” присутност на микроорганизмите во младата популација, може да доведе до зараза и на оние девојки или момци кои не се склони кон често менување на сексуалните партнери. Веке првиот или вториот партнер може да префати и пренесе кламидија или хуман папилома вирусот, што може да доведе до долготрајни потешкотии, а и до трајни последици. Ако девојката/дечкото осеќа болка, чешање или има други промени на кожата во деловите кај гениталиите, појачан или променет секрет од вагината или пенисот, тешкотии при мокрењето, болки или крварење при сексуални односи, треба задолжително да се обрати кај лекар за побрзо откривање на заразата или инфекцијата и нејзино навремено лечење.


Најчести сексуално преносливи инфекции :


Сексуално преносливите болести во последните десетина години покажале големи промени во примероците, симптомите, тежината и прогнозата, од „класичните” сексуално преносливи болести како сифилис и гонореа кои се се помалку застапени, а се повеќе се појавуваат болести предизвикани од не толку одавна откриени примероци (кламидија, уреаплазма, хуман папилома вирусот и др.).
Денес од сексуално преносливите болести најраспространети се оние кои се во вид на вируси, и тоа: ХИВ вирусот, гениталниот херпес, хуман папилома вирусот и хепатитис Б и Ц. Најраспространета бактериска сексуално пренослива инфекција е кламидијата (Chlamydia trachomatis).
Габичните инфекции, како кандидата, создаваат дебели, бели исфрлања на вагината и иритација и чешање на гениталиите кај жените , а понекогаш и иритација на пенисот кај мажите.
Пубичните вошки (човечка вошка) , исто така, можат да се сметаат за сексуално пренослива болест.



Последици


Влијанието на сексуално преносливите болести се третира со антибиотици, методи за контола на раѓањето и промени во сексуалното однесување.Ако навремено и рано не се препознаат и не се лечат, сексуално преносливите инфекции може да доведат до стерилитет кај мажите или жените, вонматерична бременост и спонтани абортуси. Против вирусните сексуално преносливи болести нема лекови, освен за хепатитис Б.


Спречување на преносот и ширењето на сексуално преносливите инфекции




Потполна сигурност нуди единствено воздржувањето од сексуални односи со непознати личности и (или) взаемно верен однос помеќу две незаразени личности ( ако имате сексуални однсои со здрав партнер кој има сексуални односи само со вас). Ако постои сомнеж за можна зараза во претходната сексуална врска или врски, потребно е да се обратите кај лекар заради што порано откривање на заразата и нејзино лечење. Сигурна заштита против сексуално преносливи инфекции, а и против несакана бременост, нуди само редовна употреба на кондоми. Сигурноста на заштитата со кондоми зависи и од неговата правилна употреба. Најсигурна заштита нудат кондомите од латекс кои се премачкани со спермицидно контрацептивно средство.

Сексуално малтретирање (Sexual harassement)

Сексуалното малтретирање во превод значи, безобразно, вербално или физичко однесување од сексуална природа. Под сексуално малтретирање може да спаѓа секое сексуално мотивирано однесување кое реципиентот (примачот) го смета за непревидливо. За случаите на работното место постои правна заштита, иако е многу тешко да се добие осуда. Во 1994 гиодина, Врховниот суд на САД пресуди одредено однесување неможе да се смета за сексуално малтретирање и нарушување на граѓанските права на индивидуата ако создава непријатна работна средина во која се злоупотребува некое лице.
Сексуално малтретирани лица, не се само возрасните и вработените. Денес најчест случај за сексуално малтретирана особа се децата. Милиони деца во светот се жртви на сексуално малтретирање или служат како сексуални робови кои се шверцуваат или продаваат.
Како cyber манијак, многу често доаѓам до некое видео или слика од која се запрепасувам, на неа гледам како исфрустрирани мажи се иживуваат со деца... И се прашувам како можат да уживаат и да наоѓаат задоволство во сето тоа?! Истите тие имаат синови и ќерќи, колку тие деца со кои сексуално се задоволуваат. Но зашто се чудам кога се почесто и кај нас слушам вести од типот дека татко, си ги силувал малолетните ќерќи, тримесечна тортура! Уф, што би му направила на тој човек, не би го ни судела, веднаш би го лишила од живот. Крокодилот ги носи во својата уста малите крокодилчиња и не ги ни повредува, пажливо и полека ги префрла на другата страна од реката. Како е сето тоа можно кога тој е само животно?! Тие се животни, неможат да размислуваат, или на нас луѓето ни одговара тие суштества да ни бидат синоним за нешто неразумно, диво и лошо?! Тој повеќе ги сакал своите ќерќи од ова животно, или пак тоа е начин на кој тој ја изразувал љубовта и грижата кон нив?! Ха, само иронично ќе се насмеам! И што правиме ние за да смениме овој факт?! Каков ќе биде понатака животот на овие девојчиња?! Дали воопшто ќе сакаат да живеат?!
Децата жртви на педофили се оставени сами да се справуваат со тешките трауми и психички нарушувања од сексуалното малтретирање, кажуваат експертите. Тие ценат дека центрите за социјална работа реагираат несоодветно или површно.

Одлука да се почне со секс...

Кога врската ќе дојде до стадиум на секс, тоа може да биде многу посебно чувство.За многу луѓе тоа претставува нормален чекор во една сериозна врска.Некогаш се случува кога долго време сме во врска со некоја личност, луѓето да очекуваат дека имаме секс....Не постои правило кое вели дека мора да се има секс во врска и дека е тоа нормален следен чекор во сериозна врска.
За почнување со сексуалниот живот мора да се зборува отворено, затоа што тоа помага да се надминат многу предрасуди за кои некогаш не постои свесност дека ги има. Дури и оние момчиња и девојки кои многу зборуваат за секс може да се чувствуваат непријатно кога на оваа тема говорат за себеси.

Сексуалниот однос се нарекува и водење љубов.Пред да се почне со сексуален однос мора да се земат во предвид повеќе работи меѓу кои и можните последици.Последица од сексуален однос без заштита може да биде бременост или ризик од пренесување на некоја Сексуално пренослива инфекција(СПИ) од едниот на другиот партнер.
Често младите се соочуваат со голем притисок од средината кога се работи за стапување во прв сексуален однос.Многу од младите сметаат дека скоро сите околу нив веќе имаат секс, а тие се единствените кои го немаат тоа искуство.Многу често таа проценка е погрешна бидејќи многумина само велат дека имале секс, а всушност го немале никогаш.
Донесувањето одлука да се почне со секс не е лесна.Кога лицето не е подготвено да размислува за сигурен секс, контрацепција и последиците од секс без заштита, можеби треба да размислува околу одложување на сексот. Повеќето луѓе кои влегле во сексуални односи, а не биле сигурни за тоа подоцна се каеле.

Wednesday, April 22, 2009

Сексуални чувства

Повеќето млади луѓе влегуваат во пубертет меѓу дванаесеттата и шеснаесеттата година од животот. Пубертетот носи со себе физички и емотивни промени, а една од овие промени е и интензивирањето на сексуалните чувства.Имањето сексуални чувства е нормално и природно, иако тие знаат да бидат збунувачки и тешки за контролирање и може да наведат на прерано почнување со сексуалниот живот.Сексуалните чувства претставуваат важен дел за подоцнежното градење здрави, емотивни врски со партнерот.
За многу млади луѓе претставува тешкотија одредувањето на вистинската возраст за почеток со сексуалниот живот.Важно е да се запомни дека нема точно одредено време кога тоа треба да се направи.Некои млади луѓе почнуваат со секс заради популарност, љубопитност и слично, иако за вакво нешто најважна е телесната и емотивна подготвеност.

Tuesday, April 21, 2009

Човечка сексуалност (Human sexuality)


Човечката сексуалност претставу
ва тенденцијата и однесувањето на луѓето во смисла на активност, која предизвикува или на некој друг начин се поврзува со сексуалната возбуда. Под силно влијание е на генетски населените шеми за сексуален одговор, кои го обезбедуваат размножувањето, на општествените ставови кон сексот и воспитанието на индивидуата.
Психоло
гијата поставува многу широки граници во врска со човечката сексуалност, повеќето од огромните варијации кои се среќаваат кај луѓето резултираат од учењето и условите. Тоа што е девијантно во едно општество може да биде нормално во друго.
Сексуалноста се однесува на п
оловиот идентитет, сексуалната ориентација и практикувањето, како и прифаќањето на овие аспекти на нечиј карактер, кои можат да бидат поважни од нивните подробности.
Сексуалната ориентација од секогаш претставувала индивидуален избор, нормално е таа да се одвива во релација машко-женско и тие да не бидат во роднинска врска, но тоа е само некаде запишано дека е нормал
но.

Голем дел од младината се дезориентираат и сексуалните нагони и страсти ги задоволуваат со лица од истиот пол. Не само навидум, ова и психички и физички и здраствено претствавува „ненормално“.
Некој ќе рече : „ Па дајте луѓе, живееме во 21 век“ ... 21 век, претставува само цифра, нема некоја гоолема разлика во физичкиот состав на луѓето, него оној суштинскиот се менува.
Пример ќе ги земам д
ецата, оние малите, невини суштества, кои до „вчера“ уживаа во сонцето и снегот, токму тие „денес“ стануваат „дегенерици“ по формула (извинете на изразот). 28 часа, од кои деноноќието содржи 24, ги преседуваат на комјутер и сурфаат на интернет. Не треба да имаме фобија од технологијата и од новите нешта, но треба да знаеме како да ја користиме. А тие се толку мали за да можат да проценат што е добро за нив. Нивната радозналост ги води низ линковите и сајтовите. Незнаат како вистински да го користат овој луксуз на „младината на 21 век“. На web порталите на интернет можат да се сретнат сестрани информации, слики, блогови... до кои тие имаат слободен и брз пристап. Активно ги следаат порно сајтови, каде нештата не им се прикажани реално, туку преку одвратните порно филмови. Online aктивностите од типот на cyber sex, се дел од нивното секојдневие. И дали ова се ви изгледа нормално?!