Saturday, May 30, 2009

АБОРТУСОТ ДЕЛ ОД ОПШТЕСТВЕНИТЕ СЛУЧУВАЊА!


Секојдневно слушам и се вчудоноевидувам од „доблеста“ на моите врсници и размислувањата на оние постарите. Егоистични се нивните идеали за иднината. Болни се нивните размислувања и стравови за „обврските“ наречени брак и семејство. Еве гледаме до каде не донесе онаа желба и мечтаење за западниот начин на живот. Што произлезе од тие западни вредности по кои што толку многу тежнеевме последниве 20 години?

Приоритет им се дава на индивидуата како основна единка на општеството, подкревајки ги егоистичните желби на незавизен дух и задоволства. Во секоја можна форма, алчност кон материјални средства и удобности, прејадување, па и сексуалните навики се тотално променети, и сакаме се повеќе и повеќе. И кој страда? Па самата таа индивидуа што нон - стоп е во трк со парите и со самата себе си.
Статистиките говoрат за тоа, жителите на Англија и Америка се меѓу најдебелите нации во светот. За поимот Семејство да не зборувам воопшто, тоа повеќе не е ИН.

Медиумите претставуваат трговци преку кои ни се продава примамливиот сјај на западниот начин на живот, лажниот свет на совршенство. И таа бајка те тера да посегнеш по тоа, мислиш дека сè што лета се јаде. Зачини со малце порнографија и сè можеш да продадеш. Појава на Анимализам, луѓето се гледаат само како тела за задоволување на сексуалните потреби и ништо повеќе од тоа, внатрешното и духовното е сосема небитно. Младината почнува да отупавува во вистинска смисла на зборот. Битноста ја препуштаат само на физикусот, изгледот, облеката и шминката. Никако да потрошат време да прочитаа некоја книга, него нормално времето го трошат на лице-книгата светскиот познат тренд FACEBOOK. Подобро е да се преспие денот, одколку да се качиш на Водно, поршеташ во паркот и подишеш свеж воздух. Живеј ја ноќта, вдишувај го „свежиот воздух“ во дупките т.н. дискотеки и нормално ќе имаш здраво тело и здрав дух. Ова е мотото на 90% од младинита. Нели е засташувачки?! Младината е онаа во која се крситме. Векот на живеење статистиките ќе покажуваат дека последниве 20 години се намалил од 70-80 години старост на 50-60 години живот.
Ќе слушнеш како некој тинејџерка размислува дека не треба да се мачи да оди да учи школо, кога ете со силикони многу врати се отвараат.
-16 годишна ќерка и кажува на мајка и -„Мамо или вие ќе платите или ќе најдам некој друг што ќе плати за да си ги поправам градиве, ова повеќе не се трпи“.

Абортусот е секако една многу сериозна тема околу која се кршат копјата. Проблемот е далеку пред тоа, абортусот е само последицата од тој проблем. Последица што психички ќе ја скрши индивидуата соочена со тоа. Последица што ќе ја прогонува цел живот. И зошто? Заради пет минутно непромислено „задоволство“. Се организираат кампањи демек ете мораме да имаме право на избор, „Па тоа (абортусот) е сосема нешто нормално“ велат, „нема никакви медицински последици“. Се со цел за да се „олесни“ делото, и да се „испере“ совеста кај некои што или не размислиле на време, или се плашат да превземат обврска спрема тоа кутро човечко суштество.

No comments:

Post a Comment