Saturday, May 30, 2009

Никој не знае колку Македонки абортираат

Никој во земјава не знае колку таблети за контрацепција се користат ниту, пак, колку девојки и жени направиле абортус. Иако старосната граница кај младите што се одлучуваат на прв сексуален однос, секоја наредна година се симнува, од Министерството за здравство немаат никакви податоци за потрошувачката на антибеби пилули, а немаат ни до знаење колку абортуси се направени во последниве години. Последен податок им е дека во 1990 година 6.000 жени дошле да ја прекинат несаканата бременост на Клиниката за гинекологија.

"Речиси сите клиентки што доаѓаат за абортус кај нас, посебно помладите, не знаат дека имаат таблетарна терапија која спречува бременост. Тоа е алармантен податок, кој укажува дека мора да се поработи на информираност, оти последиците можат и сигурно ќе бидат катастрофални", истакна д-р Горан Димитров од Гинекологија.
Светските податоци покажуваат, објасни д-р Димитров, дека кај секоја петта жена во светот која забременува, кај најмалку една од нив се работи за непланирана бременост, што во најголем број од случаите завршува со абортус.
"Многу млади жени имаат незаштитен секс во текот на првиот сексуален однос. Едно од десет раѓања е кај мајки кои и самите се уште се деца", вели д-р Димитров, кој додаде дека во Македонија 80 отсто од младите не консултираат гинеколог при првиот сексуален однос.
Студиите спроведени од Министерството за здравство, како што рече претставникот д-р Едис Рамо, укажуваат оти неинформираноста за сексуалното и репродуктивното здравје е главна причина за зголемен ризик од несакана бременост и сексуално преносливи болести. И покрај ваквиот заклучок, таа немаше податоци кога е непарвен последната студија, какви мерки се преземени по училиштата, колку се користат таблетите за контрацепција ниту, пак, колку абортуси годишно се прават во земјава, со оправдување дека извештајот се уште се подготвува.
Гинеколозите предупредуваат дека бројот на абортуси се уште се доближува до бројот на раѓањата, а голем број од абортусите, според неофицијални извори, се вршат нелегално по приватни гинеколошки ординации.



извор: www.abortusNE.org.mk

(повторно текстот во постот не е мој, туку е копиран токму поради информациите и податоците во него... пријатно читање)

No comments:

Post a Comment