Monday, May 18, 2009

Абортус

   Иако нашата тема гласи „Сексот и Младите“, јас како член на овој блог сакам да ве информирам за абортусот, кој се јавува како најчест проблем кај младите девојки при недоволна едуцираност за заштита при сексот.
   Во денешно време многу од девојките при самиот секс едноставно забораваат на својата заштита и се препуштаат на задоволството не размислувајќи за последиците. А последиците можат да бидат катастрофални, од најразлични полово преносливи болести до несакана бременост, поради која младите девојките или поради неподготвеност, незрелост или поради немање финансиска и морална поддршка, се решаваат да ја прекинат бременоста, односно да абортираат.
   

Photobucket

Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тек сличен на породувањето и ретко има компликации. Меѓутоа, абортусот честопати е намерен со цел да се прекине бременоста- артефициалис. Бременоста може да се прекине до третиот гестациски месец или до четвртиот лунарен месец, односно до десет навршени недели од бременоста. После овој период да се прекине бременоста е доста ризичен потег, но доколку има индикации за тоа, прекинот мора да се изврши и покрај тоа што се можни последици. Комликациите кои му следат на абортусот, можат да бидат рани и доцни. Како рани компликации се јавуваат- најразлични видови инфекции, долготрајно крварење, заостанато ткиво, постабортален синдром- крв во матката. Како најлоша последица од извршениот абортус е смртта, како и неможноста за бременост во иднина.

Photobucket

Како да се заштитиме од несакана бременост?!?

   Како што претходно споменав, причините поради кои доаѓа до несакана бременост како и заболување од полово преносливи болести, се сведуваат на ништо повеќе туку од незаштитени сексуални односи. Развојот на технологијата, денес во 21 век, е на највисоко ниво и ни дава можност постојано да се информираме за прашања поврзани со сексот и жалосно е кога слушаме со какви проблеми се соочуваат младите, бидејќи биле недоволно едуцирани за последиците што следуваат по него. За тоа, како да се заштитиме од несакана бременост, постојат многу превентивни средства, за кои можеме насекаде да се информираме и треба ги знае секој човек.

Photobucket

Како контрацепциски средства за заштита од бременост можат да се користат:
 
* Презервативи (кондоми)
* Спирали
* Таблети
*  Дијафрагма
* Хемиски средства за претпазливост итн.

Абортус- да или не?!

   Денес право на барање за прекин на бременоста има секоја бремена, полнолетна жена. Барањето се подава во гинеколошко- акушерско одделение и клиники со доказ дека бременоста нема повеќе од десет недели и прекинот на бременоста нема да го загрози здравјето на жената.
   Според Законот за прекин на бременост, абортусот го извршува лекар, специјалист, во здравствена установа која располага со соодветна медицинска опрема. Ако е почеток спонтан абортус, а е загрозен животот на плодот или на бремената жена или нејзината репродуктивна способност, прекинот на бременоста може да се изврши во здравствена установа која не ги исполнува горе споменатите услови од страна на лекарот кој не е специјалист.


Photobucket

Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себе си носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.

1 comment:

  1. така е Д-р ЕЛЕНА гледате како убаво ни ги наведе сите добри и лоши страни на абортусоот? Мислам дека си ја згрешила професијата. Треба да работиш како докторски новинар. Одлично обележје имаш!ПОЗДРАВИИИ

    ReplyDelete